Руските обвинителите побараа од судот во Сибир на 26 јули да го осуди Сергеј Михаилов, новинар и основач на весникот и веб портал Листок (LIStok) во градот Горно-Алтајск. Тие бараат да биде осуден на 9 години затворска казна под обвинение за дистрибуција на „лажни информации“ за руската војска.
Обвинението произлегува од текстовите објавени во весникот за, како што се вели, наводните злосторства на руските трупи врз украинските цивили во градот Буча.
Михаилов во неговата одбрана тврдел дека одлуката за објавување на тие текстови ја донел главен уредник Виктор Рау, а не тој, бидејќи тој дејствувал само како основач, а одлуките за публикациите и објавувањето на материјалите ги носи главниот уредник.
Видете и ова: „Исповед“ на Германец осуден на смрт во Минск објавена на белоруската телевизијаРау, кој моментално е надвор од Русија, потврди дека е негова идеја да ги објави материјалите. Самиот Рау ја напушти Русија и продолжува да објавува вести на веб порталот „Листок“. Тој е казнет и со 120 илјади рубли според административен член за повиците за санкции против Русија.
Случајот Михајлов првпат беше разгледан во пролетта 2023 година.
Во април 2023 година, судот го врати на обвинителството бидејќи во случајот не беше прецизирано каде и како Михаилов го извршил делото. Сепак, обвинителството успеало да го врати случајот на суд.
Според пресметките на невладината ОВД - инфо, вкупно 992 лица се вклучени во антивоени случаи од почетокот на инвазијата на Украина.