Новите пресметките на таканаречениот балансер, според кој правичната застапеност во институциите се пресметува водејќи се од процентот на резидентното население во државата од пописот од 2021 година, а не како досега според процентот на етничка припадност на вкупно попишаното население, спречи 115 институции да добијат „зелено светло “ за вработување во јавната админстрација, соопшти на 26 јули новиот министер за јавна администрација Горан Минчев.
Тој соопшти дека засега одобрени се само пет од вкупно 120 годишни планови за вработување, додека на останатите 115 институции им е наложено да ги доработат плановите согласно новата пресметка во Балансерот.
„Институциите од јавниот сектор се известени односно им се вратени на доработка годишните планови со цел да ги усогласат со коригираните податоци во нововграденото решение за Балансерот, согласно резидентното население на територијата на Република Северна Македонија“, изјави Минчев.
Видете и ова: Министерот за јавна администрација најави укинување на Балансерот, бил злоупотребуванТој посочи и дека новото Министерство за јавна администрација со кое тој раководи е еден од примерите за досегашната злоупотреба на Балансерот.
„Тоа е предмет на ревизија, досегашните анализи покажуваат дека од 100-процентната вработеност, околу 18 до 19 проценти ја имаат злоупотребено можноста за искажување етничка припадност односно злоупотреба на Балансерот. Тие се во редовен работен однос, секако дека ќе останат на работа, меѓутоа нужно е да укажеме дека во минатото Балансерот бил злоупотребуван и токму оваа постапка што ја правиме за враќање на годишните планови за вработување и нашите укажувањата до институциите од јавниот сектор е за спречување на повторно таква злоупотреба на Балансерот“, додаде Минчев.
Видете и ова: Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во законНа неговата денешна прес конференција со реакција со огласи и владиниот партнер од коалицијата Влен (Вреди). Во нивната пишана реакција е наведено дека кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на анти-албанска доктрина. Во него додаваат дека очекувале нивниот коалициски партнер да ги поништи огласите со кои Македонци се определувале како етнички Албанци за да се вработат во јавната администрација.
„Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сеуште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација!“, пишува во реакцијата на Влен.
По нивната реакција од движењето Знам се огласи со сопштение во кое и порачуваат на коалицијата Влен (Вреди) да детално да ги проучат постоечки и важечки закони и како што велат анти-албанска доктрина не постои во нивните редови.
„Што се однесува на фразата „Елиминирање на некои политичари“, би сакале да ги потсетиме припадниците на Вреди дека времето на ДУИзација во Република Македонија е завршено.Колегите од Вреди треба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија. Таква демонстрација на моќ практикуваше ДУИ. Тоа време е минато“, е наведено во реакцијата на „Знам“.
Потпретседателот на Алијансата за Албанците, Наим Бајрами, преку соопштение објавено на социјалната мрежа Фејсбук, ги повика албанските партии да ја напуштат Владата бидејќи, според него, одлуката на министерот за администрација Горан Минчев за промена на процентот на застапеност според Балансерот значи реализација на сценаријата за деградација на Албанците во земјава.
Видете и ова: Ремонт на „балансерот“ за државно вработување или целосна замена?Укинувањето на „балансерот“ беше дел и од партиската програма „Платформа 1198“ на ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори на 8 мај.
Во Програмата „Платформа 1198“ ВМРО-ДПМНЕ предлага да се укине оваа алатка.
Според Рамковниот договор потпишан во Охрид во 2001 година, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија меѓу припадниците на Ослободителната народна армија-ОНА и македонските вооружени сили, една од главните промени беше вработувањето по етнички клуч во јавната администрација.