Унгарската држава тајно позајмила една милијарда евра (393 милијарди форинти) од кинеските банки во април 2024 година, објави унгарскиот медиум „Портфолио“ врз основа на ажурираната статистика на Центарот за јавно менаџирање на јавниот долг (АКК).
Унгарската држава го зела кредитот од кинеските банки (Кина развојна банка, Ексим банка и унгарската филијала на Банката на Кина)
Податоците достапни на веб-страницата на АKK не ја откриваат каматната стапка на заемот или распоредот за отплата, а единствено што се знае е дека се работи за тригодишен заем со променлива каматна стапка, кој мора да биде вратен до 19 април 2027 година. Како цел на заемот се назначени општите инфраструктурни инвестиции.
Владино соопштение за задолжувањето немаше.
Економскиот весник ги контактирал Министерството за национална економија, Министерството за финансии и Центарот за управување со јавен долг, но од таму велат дека одговорите не откриваат точно за какви инфраструктурни и енергетски инвестиции бил потребен заемот од една милијарда евра.
Одговорот на АКК го вклучува и финансирањето на инфраструктурните и енергетските случувања и фактот дека „со договорот девизниот сооднос на државниот долг останува на ниво од 28,9 отсто, што е многу поповолно од нивото од над 50 проценти во 2010 година“.
Видете и ова: Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за МицкоскиВесникот пак тврди дека соодносот на долгот во странска валута во рамките на унгарскиот јавен долг се искачи на критично ниво.
„Портфолио“ забележува дека бидејќи не е позната каматната стапка на кредитот, не се знае дали кредитот е поволен. Исто така, не е јасно зошто задолжувањето не беше целосно транспарентно кога владата претходно известуваше за таквите задолжувања, како што е кинескиот заем за сличен износ за железничката линија Будимпешта-Белград или издавањето обврзници.
Во врска со тоа за што се ќе бидат потребни парите, покрај неповолната состојба на буџетот, весникот го споменува и купувањето на 80 отсто од сопственоста на аеродромот Лист Ференц, кое го најави владата во јуни. Според плановите, аеродромската брза пруга би ја граделе Кинезите. Друга причина може да биде исцрпувањето на финансиските ресурси на ЕУ.
Според одлуката на Европскиот суд, унгарската влада мора во краток рок да ѝ плати на Европската Унија казни кои надминуваат 200 милиони евра, кои секојдневно се зголемуваат за 1 милион евра.