Украинската противвоздушна одбрана собори 20 од 22-те беспилотни летала лансирани од Русија кон цели во четири нејзини региони рано на 26 јули, соопшти воздухопловните сили во порака на Фејсбук.
Нападите на регионите Херсон, Суми, Житомир и Чернихив се случија еден ден откако Москва ги нападна инсталациите во украинското пристаниште Измаил на Дунав, во близина на границата со Романија, земја членка на НАТО.
Ова пак ја принуди Алијансата да прати авиони Ф-18 за да ја следат ситуацијата.
Видете и ова: Две лица загинаа во руските напади на Украина, оштетена е инфраструктурата на пристаништето на ДунавВо меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила шест украински беспилотни летала - четири над регионот Ростов и два над регионот Курск.