Украинската служба за безбедност (СБУ) на 25 јули соопшти дека нејзините полицајци, заедно со Националната полиција спречиле серија терористички напади во Украина и во земјите-членки на ЕУ: Естонија, Латвија, Литванија и Полска.
Според соопштението од украинската служба за безбедност, осомничениот организатор планирал да подметува пожари на места каде масовно се собираат луѓе, пренесе украинскиот сервис на Радио Слободна Европа. Главни цели биле трговски центри, бензински пумпи, аптеки и пазари во Украина, Полска и балтичките земји.
Тој и еден негов соработник биле приведени во западниот регион Прикарпатја.
Видете и ова: Приведен осомничениот за убиството на поранешната украинска пратеничка Ирина ФарионДвајцата осомничени, наводно, ги координирале, под надзор на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), активностите на 19 членови на терористичка група во неколку украински региони. Според истрагата, инволвираните за пари регрутирале кандидати за палење цивилни објекти.
Двајцата мажи биле информирани дека се осомничени за велепредавство и фалсификување.
Русија не го коментираше соопштението на Украинската служба за безбедност.