Владата на седница попладнето на 24 јули дала зелено светло за вработување на 600 нови приватни специјализанти за потребите на јавните здравствени установи.
Информацијата преку социјалните мрежи ја соопштија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.
Премиерот смета дека ова е шанса за младите доктори и ќе придонесе за „помалку метеж и поголема грижа за пациентите во болниците“.
Таравари, пак, посочи кога ќе се реализираат вработувањата.
„До крајот на годинава ќе се вработат 300, а идната година уште 300 приватни специјализанти. Со оваа одлука Министерството за финансии се задолжува до декември 2024 година да обезбеди дополнителни финансиски средства во износ од 38.000.000 денари за вработување на 300 приватни специјализанти“, вели Таравари.
Видете и ова: Дали големите ветувања ќе го станат здравството од постела?По одлуката на Владата, Министерството за здравство дополнително ќе треба да ги утврди критериумите за вработување на приватните специјализанти.
Приватните специјализанти изминатиот период постојано бараа подобри услови за работи и повисоки примања.
Тие организираа неколку протести, а во април годинава стапија и вогенерален штрајк.
На државните клиники во Северна Македонија работат околу 400 приватни специјализанти за месечен надоместок од 26 000 денари, а едно од нивните барања беше негово покачување на 40 000 денари.