Со измените и дополнувањата на административното упатство, кое денеска (24 јули) го усвои Владата на Косово, конфискуваниот имот на Милан Радоичиќ ќе биде ставен на располагање на Министерството за внатрешни работи на Косово, односно на косовската полиција.
Радоичиќ е поранешен потпретседател на Српската листа, кој ја презеде одговорноста за нападот на вооружена група Срби врз косовската полиција во септември 2023 година во Бањска кај Звечан.
Во тој напад загина еден косовски полицаец, додека во размената на оган загинаа и тројца српски напаѓачи. Се верува дека Милан Радоичиќ е во Србија.
Во април, Агенцијата за управување со запленети или конфискувани средства на Косово конфискуваше два недвижен имот во Северна Митровица и еден во општина Зубин Поток, кои се поврзани со нападот во Бањска.
Видете и ова: Фирми, хотели и милиони евра: Богатството на Милан Радоичиќ во СрбијаСтанува збор за вила на езерото Газивода во општина Зубин Поток на северот на Косово, ресторан и стан кој се наоѓа во Северна Митровица. Овој недвижен имот Косовското обвинителство првпат ги заплени во септември минатата година.
Министерката за правда Албулена Хаџиу на седницата на Владата на Косово изјави дека овој имот во моментов е под управа на министерството што таа го води, односно Агенцијата за управување со одземен имот.
Видете и ова: Милан Радоичиќ излезе од сопственоста во фирмите во СрбијаХаџиу изјави дека измените во административното упатство се важни, бидејќи со нив се регулира постапката за давање под закуп на одземен имот, кога тоа го бара јавна установа или државен орган. Таа наведе и дека конфискуваниот имот на Радоичиќ се наоѓа на стратешки важни локации.
Според неа, давањето на тој имот на безбедносните институции се прави со цел „да се зголеми државната, територијалната и институционалната безбедност“ на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.