Директорката на Тајната служба, Кимберли Читл, поднесе оставка на 23 јули по широките критики и прегледи на работата на нејзината агенција затоа што не спречила напаѓач да го рани поранешниот американски претседател и републикански кандидат за ноемвриските избори, Доналд Трамп, на политички митинг во Пенсилванија, објавија медиумите.
„Ја преземам целосната одговорност за нарушувањето на безбедноста“, рече таа во е-пошта до персоналот во вторникот, пренесува АП.
„Со оглед на неодамнешните настани, со тешко срце донесов тешка одлука да се повлечам од функцијата ваш директор.
Читл поднесе оставка еден ден откако сведочеше пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.
Двете страни главно неуспешно бараа одговори на прашањата дали нејзината агенција соодветно го заштитила Трамп пред обидот за атентат.
Видете и ова: Директорката на Тајната служба на САД за обидот за атентат на Трамп: „Не успеавме“На сослушувањето, кое траеше речиси шест часа, Читл ја презеде одговорноста за безбедносните пропусти и призна дека инцидентот го означи „најзначајниот оперативен неуспех на Тајната служба во последните децении“.
Но, пратениците од двете партии изразија фрустрација поради нејзината неможност да одговори на многу прашања во врска со пукањето во кое беше ранет Трамп, еден од присутните на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија беше убиен, а двајца други беа ранети.
На крајот од сослушувањето, највисокиот демократ на комисијата му се придружи на републиканскиот претседател во повикот за оставка на Читл.
Видете и ова: Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата од демократитеПретседателот Џо Бајден ја номинираше Читл да ја води Тајната служба во 2022 година.
„Таа несебично се посвети и го ризикуваше својот живот за да ја заштити нашата нација во текот на нејзината кариера со американската тајна служба“, рече Бајден во изјавата на 23 јули.
Тој, исто така, рече дека „потребна е чест, храброст и неверојатен интегритет да се преземе целосна одговорност за организација која има задача да изврши една од најпредизвикувачките работи во јавната служба“.
Тој додаде дека наскоро ќе именува нов директор на Тајната служба.