Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по тринаесет дена борба со огнената стихија, информираше денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Неготино, Столе Атанасов.
Тој изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во гаснењето на пожарот.
Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.
„Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека се успеало, да не настрада со посериозни повреди, ниту еден од вклучените граѓани во акцијата“, вели Атанасов.
Видете и ова: Немаме пари за да гасиме пожариПретходно директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов порача дека од 30 активни пожари на отворено, 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни и веќе дел од нив се ставаат под контрола.
Најголем проблем на пожарникарите беше недостигот на опрема и пари за функционирањето на противпожарните единици. Во гаснењето на пожарот беше вклучена и помош од Србија, се вклучи и Армијата на Северна Македонија, а пензионираните пилоти за ер-тракторите потпишаа договор и се вратија во воздухопловите за да помогнат во гаснењето.