Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, на 23 јули ги одобри во второто и третото читање нацрт-законите со кои ќе се овозможи секој странски субјект, вклучително и оние основани од државни органи на трети земји, да бидат прогласени за „непожелни“.
Нацрт-законите нема да влијаат на меѓународните меѓувладини организации чии членка е Русија или организациите инкорпорирани во владините структури на странски земји.
Минатиот месец, Европскиот суд за човекови права пресуди дека Русија ја прекршила Европската конвенција за човекови права кога означи неколку странски организации кои работат во Русија, вклучително и Радио Слободна Европа, како „непожелни“.
Видете и ова: Американската амбасада во Русија бара ослободување на новинарката на РСЕ, КурмашеваВо исто време руското Министерство за надворешни работи на 23 јули соопшти дека на списокот за санкции додало уште 15 британски државјани, вклучително и претставници на одбранбената индустрија, воени аналитичари и публицисти кои промовираат „антируски“ наративи во медиумите.
Според Министерството, на списокот има и луѓе „вклучени во обуката на украинскиот воен персонал“ и оние кои му обезбедуваат оружје на Киев.
Меѓу другите, на листата е и Роберт Паксман, извршен директор на Paradigm Security Solutions Limited; Ангус Кокбурн, член на одборот на BAE Systems PLC; и Томас Шарп, аналитичар во весникот Дејли Телеграф.