Украинските пратеници гласаа за продолжување на воената состојба и мобилизацијата

Украински пратеник гласа за време на седница на парламентот во Киев

Украински пратеник гласа за време на седница на парламентот во Киев

Украинските пратеници на 23 јули ги одобрија нацрт-законите за поддршка на указите издадени од претседателот Володимир Зеленски за продолжување на воената состојба и општата воена мобилизација за 90 дена, почнувајќи од 12 август.

Пратениците Јарослав Железњак и Олексиј Хончаренко на Телеграм напишаа дека 339 пратеници гласале за продолжување на воената состојба, додека 338 го поддржале продолжувањето на мобилизацијата. Се очекува Зеленски сега да ги проследи нацрт-законите во законот.

Воената состојба и општата мобилизација последен пат беа продолжени во мај, а ова е 11-то продолжување откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Видете и ова: На Украинците со двојно државјанство им е забрането да ја напуштат земјата

Украина усвои закон за воена мобилизација со цел да го зголеми бројот на војници во војската.

Тој закон ги обврзува Украинците, на возраст меѓу 18 и 60 години, да ги информираат воените власти за нивните лични податоци за да можат полесно канцелариите за регрутирање да видат кој во кој регион може да се мобилизира.

Украина, исто така, ги ограничи и конзуларните услуги во своите дипломатски претставништва за мажи кои се во старосната група која може да служи војска, но се наоѓаат во странство.