Парите од унгарскиот кредит може да останат само моментно решение на ситуацијата. Но нема да се решат горливите прашања кои ги мачат бизнисот, сметаат д Стопанската комора на Северна Македонија. Од таму велат дека е нормално фирмите да посегнат по парите што се со помала камата, но дека мора се да оди во пакет, и да се обезбедат средства за поддршка на бизнисот.
За претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески е битно да се креира квалитетен деловен амбиент во кој државата ќе има регулаторната функција, а бизнисот ќе води рамноправен натпревар на терен, без нејзино мешање.
Видете и ова: Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за МицкоскиАзески соопшти дека премиерот Христијан Мицкоски в четврток ќе дојде на средба во Комората токму за заемот од Унгарија, а Комората, како што напомена, ќе бара тие средства да бидат достапни по прифатливи услови. Притоа, нагласи, предност треба да се даде на развојот на извозот, иновативноста и продуктивноста зашто тоа би било, рече, чекор напред.
„Нас не не интересира ништо друго, освен да дојдеме до свеж капитал, до разни алатки што ќе ги надополнат инвестициските активности, но тоа прашање не треба да се селектира, туку треба да биде поставено во пакет што ќе значи подобрување на општиот деловен амбиент кај понудата која е многу значајна за развој на иновативноста, ефикасноста и извозот кои, пак, се алфа и омега за опстанок на државата“, порача Азески.
Видете и ова: Мицкоски смета дека Унгарија со заемот се покажала како „вистински пријател“Ова доаѓа откако премиерот Мицкоски најави дека при задолжувањето кај Унгарија од милијарда евра, дел од парите односно 250 милиони евра ќе бидат одвоени за заеми за домашните фирми. Тие ќе бидат под исти услови како што ќе се задолжи и државата односно со камата од 3.25%, ќе имаат грејс период од 3 години и отплата 12 години.
Сепак компаниите ќе бидат условени да вложат исто толку пари колку што ќе земат, да имаат нови вработувања и да имаат раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.