Недела, 21 јули беше најтоплиот ден досега забележан на глобално ниво, според прелиминарните податоци на климатската служба на Европската унија Коперник.
Просечната глобална температура на површинскиот воздух во неделата достигна 17,09 степени Целзиусови, малку повисока од претходниот рекорд поставен минатиот јули од 17,08 Целзиусови степени.
Топлотните бранови зафатија големи делови од САД, Европа и Русија во текот на изминатата недела.
Коперник потврди за Ројтерс дека се чини дека дневниот температурен рекорд поставен минатата година бил соборен во неделата, во нивните рекорди од 1940 година.
Видете и ова: Жешкото време носи и „жешки“ сметки за струјаМинатата година, четири дена по ред го соборија рекордот, од 3 до 6 јули, бидејќи климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремна топлина низ северната хемисфера.
Секој месец од јуни 2023 година - 13 месеци по ред - сега е рангиран како најтопол на планетата од почетокот на мерењата, во споредба со соодветниот месец во претходните години, според Коперник.
Некои научници велат дека 2024 година би можела да ја надмине 2023 година како најжешка година досега, бидејќи климатските промени и природниот временски феномен Ел Нино, кој заврши во април, ги зголемија температурите уште повеќе оваа година.