Антикорупциска комисија по пријава на Управата за финансиско разузнавање отвори предмет за имотот на Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
Пријавата била поднесена од Управата за финансиско разузнавање и се бара проверка на имотот на Јанушев, за имот кој наводно не го пријавил во анкетниот лист. ДКСК ќе изврши проверка и на имотот пишан како подарок.
Јанушев во анкетниот лист напишал дека во 2023 година се стекнал со стан од 165 м2 во скопската Општина Центар кој чини околу 325 илјади евра. Во првичната објава на листот беше впишано дека се работи за градежно изградено земјиште.
Од владата информираа дека се работи за подарок добиен од родителите на Јанушев, а тој на својот ФБ профил напиша дека првично имало грешка во анкетниот лист.
Видете и ова: Дигитализација, а не полиграф за спречување на корупција во царината„Не постои никакво подарено земјиште … има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС и ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува“, пишува Јанушев.
Од опозициската СДСМ, пак, денеска објавија документи за поклонетиот имот. Ја покажаа зградата каде што се наоѓа станот и тврдат дека покрај Јанушев во неа стан има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Клучно и најважно прашање е како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае?, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Реакција за обвинувањата од опозицијата има и министерот Тошковски. Вели дека целиот негов имот го пријавил до ДКСК и тој е јавно достапен.
Видете и ова: Вицепремиерот Фетаи со нова стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот„Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет, напиша Тошковски.
Инаку Тошковски во анкетниот лист во графата лична сопственост впишал стан од 146 м2 во Центар кој го стекнал врз основа на договор за градба.
Секое избрано или именувано лице има должност да го пријави имотот кој го поседува до Дражавната комисија за спречување на корупција која пак има задача да следи дали има неразумно богатење кај функционерите.