Потпретседателката Камала Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата на Демократската партија, објавија неколку американски медиуми, откако нејзината кампања на првиот ден собра повеќе од 80 милиони долари, што се смета за рекорд.
Харис има обезбедено поддршка од најмалку 2579 делегати, според неофицијалното истражување на делегатите спроведено од АП и објавено на 22 јули. На кандидатот му требаат 1976 делегати за да ја добие номинацијата на Демократите.
Во објава на платформата X, Харис рече дека е „горда што ја обезбедила широката поддршка“ што и е потребна за да биде номинирана и со нетрпение очекува наскоро официјално да ја прифати номинацијата.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека партијата брзо се консолидирала околу Харис, која беше ставена во центарот на вниманието на 21 јули кога претседателот Џо Бајден објави дека ја повлекува својата кандидатура по катастрофалната дебата на 27 јуни против неговиот републикански ривал Доналд Трамп.
„Целосно имам намера да ја обединам нашата партија, да ја обединам нашата нација и да го поразам Доналд Трамп во ноември“, напиша Харис на X.
Бајден веднаш застана зад Харис, која би можела да стане првата црна жена која ќе биде номинирана од голема партија. Делегатите официјално ќе го изберат својот кандидат на Демократската национална конвенција, што ќе се одржи на 19-22 август во Чикаго, Илиноис.
Видете и ова: Џо Бајден се повлече од претседателската тркаКампањата на Харис заработи повеќе од 81 милион долари во периодот од 24 часа по објавувањето на веста за повлекувањето на Бајден, рече портпаролот на кампањата Кевин Муњоз на 22 јули, бидејќи ја обезбеди поддршката од највисоките демократи.
„Сумата е најголемиот еднодневен вкупен износ кој е собран во овогодинешната трка“, се вели во кампањата.
Претходно истиот ден, пратеничката Ненси Пелоси (демократ од Калифорнија), поранешен претседател на Претставничкиот дом, изјави дека ја поддржува Харис за претседателка. Гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, која некои ја сметаат за можен кандидат, предводи група гувернери кои ја дадоа својата поддршка зад Харис.
Меѓу нив беа гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, гувернерот на Марланд, Вес Мур, гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер и гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро.
Некои моќни демократи не брзаат да ја поддржат Харис, велејќи дека сакаат конкурентен процес со придонес од гласачите.
„Демократите сега имаат шанса за нов нов почеток и додека некои избрани лидери и партиски функционери ги поддржуваат, има уште четири недели до состанокот на повеќе од 4000 делегати на партијата во Чикаго. Тоа е повеќе од доволно време за партијата да го осети пулсот на гласачите, за да одреди кој е најдобро позициониран да победи во ноември и да ја води земјата во следните четири години“, рече милијардерот Мајкл Блумберг во објавата на X.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер (демократ од Њујорк), исто така, допрва треба да ја поддржи Харис. Сепак, сè уште не се појавил сериозен предизвикувач.
Демократите извршија притисок врз 81-годишниот претседател да се повлече и да отвори пат за помлад кандидат поради стравот дека ќе ги загуби изборите од Трамп поради неговата возраст. Бајден, кој не беше виден во јавноста изминативе неколку дена, се опоравуваше дома од инфекцијата со ковид-19.
Како и да е, збирот од 72 анкети покажуваат дека засега Трамп води пред Харис со околу 2,5 отсто од гласовите.
Политичките аналитичари велат дека Харис сè уште не е толку добро позната во јавноста и дека би можела да победи на анкетите бидејќи води интензивна кампања низ земјата и добива поголемо медиумско покривање.