Надлежностите на Агенцијата за енергетика од денеска формално се под Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Министерството на 22 јули соопшти дека досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално ѝ ги предал надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е новоформирано како дел од планот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 8 мај за реорганизација на министерствата. Ново министерство е исто така за дигитална трансформација.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на законот за нова реорганизација на министерстватаКако дел од овој олан, Министерството за економија прерасна во Министерство за економија и труд, Министерство за труд и социјална политика стана Министерство за социјална политика, демографија и млади, а во Министерството за култура беше додаден секторот туризам.
Денеска со укинувањето на Агенцијата за енергетика и нејзиниот Управен одбор, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.
„Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“, се вели во соопштението.