До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска (21 јули) министерот за здравство Арбен Таравари.
Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.
Видете и ова: Дали големите ветувања ќе го станат здравството од постела?„Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор“, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Од Независниот синдикат изминатата година неколкупати протестираа поради аномалии во колективните договори и ниските плати.
Новиот министер ги почна промените во здравството со смена на дел од досегашните директори во скопските клиники и болниците во внатрешноста.