Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе дискутираат како да одговорат на патувањата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Русија и Кина и позиционирањето на неговата земја во однос на улогата на ЕУ во Украина, изјави во понеделник шефот за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел.
„Ќе разговараме за тоа што се случи и за ставовите на унгарската влада“, рече Борел, опишувајќи ги како „неприфатливи“.
Унгарија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со блокот во јули и речиси веднаш потоа премиерот Виктор Орбан отиде во Москва и Пекинг во како што ја нарече, „мировна мисија“ и покрај тоа што никој од неговите партнери во ЕУ не беа информирани или не му дадоа мандат да го стори тоа.
Тој, исто така, предвреме го напушти самитот на НАТО за да се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Министерот за надворешни работи на Орбан оттогаш ја доведе во прашање улогата на ЕУ во Украина.
Некои земји-членки би сакале блокот да покаже построг став кон Будимпешта.
Меѓу идеите кои се споменуваат се да се бојкотира или да се намали присуството на министрите на неформалниот состанок во Будимпешта на крајот на август, иако постои поделеност меѓу земјите за неговата корисност.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок пред пристигнувањето во Брисел рече дека Борел ја претставува надворешната политика на ЕУ за министрите и дека „не е изненадувачки што ваквите егоистички патувања“ иритирале многумина.
Видете и ова: Европскиот парламент го критикуваше Орбан за средбата со ПутинМинистерот за надворешни работи на Луксембург Ксавиер Бетел рече дека ќе оди на неформалниот состанок на крајот на август, велејќи дека е важно да се задржи дијалогот со Будимпешта.
„Игнорирањето или неизбирањето на дијалогот би било грешка“, смета тој.
Орбан, кој е критичар на западната воена помош за Украина и кој има најтопли односи од кој било лидер на ЕУ со Путин, исто така постојано ги задржуваше одлуките за воена помош за Украина.
Видете и ова: Орбан и Трамп разговараа за „мировната мисија“Говорејќи во објава на социјалните мрежи пред состанокот во понеделник, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го критикуваше блокот.
„Веќе со недели, бриселската странска бирократија и лидерите на некои земји од ЕУ ги „острат забите“ поради нашата мировна мисија, поради фрустрација и излегувањето на нивната неуспешна стратегија“, рече тој, додавајќи дека патувањата ја отвориле вратата за понатамошна дипломатија.