Украинските власти во понеделник (22 јули) ја презедоа одговорноста за нападот со дрон врз рафинеријата во југозападна Русија, каде што руската војска претходно соопшти дека уништила 80 украински беспилотни летала во текот на ноќта за време на рациите на неколку руски области.
Извор близок до украинската одбрана објави дека цел на неколку беспилотни летала била рафинеријата во Туапсе, град на брегот на Црното Море во руската област Краснодар, каде што избувнал пожарот, пренесе АФП.
„Се расчистува степенот на штетата“, додаваат истите извори, наведувајќи дека се работи за рафинерија на рускиот гигант Роснефт опремена со пристанишен терминал и дека околу 90 отсто од неговото производство е наменето за извоз.
Видете и ова: Руските сили собориле 75 украински дроновиРуските регионални власти на Телеграм објавија дека пожарот во рафинеријата бил предизвикан од напад со дрон.
„Киевскиот режим уште еднаш се обиде да ја нападне цивилната инфраструктура во Туапсе со беспилотни летала“, соопштија руските власти, додавајќи дека на местото се испратени 100 пожарникари.
Според првичните информации нема повредени.
Украина, која се соочува со руска инвазија повеќе од две години и чија енергетската инфраструктура е уништена со непрестајно бомбардирање, изведува напади со беспилотни летала длабоко во Русија на енергетските и логистичките локации што ги користи војската специјално за нејзините операции на украинска територија.