Израелската армија денеска (22 јули) нареди евакуација на дел од територијата во Појасот Газа, што претходно ја определи како хуманитарна зона.
Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас (која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација) кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел.
Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од Појасот.
Претходно овој месец, Израел соопшти дека проценува дека најмалку 1,8 милиони Палестинци се наоѓаат во хуманитарната зона што ја прогласи, која опфаќа дел од околу 14 километри долж Средоземното Море.
Видете и ова: Во вторник средба на Нетанјаху и Бајден во САДНајавата доаѓа во период на чувствителни преговори за прекин на огнот во Газа, при што американските и израелските власти изразија надеж дека договорот е поблиску од кога било.
Преговарачки тим ќе биде испратен за продолжување на разговорите во четврток, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Египет, Катар и Соединетите Држави продолжуваат да ги туркаат Израел и Хамас кон фазен договор за прекин на огнот што ќе ги запре борбите и ќе ги ослободи заложниците.
Видете и ова: Најмалку 57 лица биле убиени во израелските напади ширум ГазаНетанјаху во понеделник (21 јули) замина на долгоочекуваното патување во Соединетите Држави за да се сретне со претседателот Џо Бајден, кој во неделата објави дека нема да бара втор мандат и се повлече од претседателската трка.
Нетанјаху рече дека без разлика кој ќе биде следниот претседател на САД, „нашите непријатели мора да знаат дека Израел и САД стојат заедно утре и секогаш“.
Тој рече дека ќе му се заблагодари на Бајден за повеќе од 40 годинишното пријателство, а истовремено ќе го притиска за поголема поддршка за одредени прашања.