Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со политички тежок период додека се наближуваат ноемвриските претседателски избори во САД, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за италијанскиот медиум „Кориере дела сера“.
„Дали треба да ја продолжиме војната со нови смртни случаи и уништувања или да размислиме за територијален компромис со [рускиот претседател Владимир] Путин?“, вели Кличко.
Без разлика каков чекор ќе преземе, смета тој, Зеленски се соочува со „политичко самоубиство“.
Видете и ова: Зеленски му честиташе на Трамп за номинацијата и се согласи на средбаКличко вели дека украинскиот претседател најверојатно „ќе мора да прибегне кон референдум“ за да ја реши дилемата, додавајќи дека не е мисли оти Зеленски „ќе може сам да донесе толку болни и важни одлуки без народен легитимитет“.
Претходно во текот на оваа недела, за време на престојот на Самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија, Зеленски рече дека целиот свет ќе мора да изврши притисок врз Русија за да ја убеди да седне на преговарачка маса и да размисли за завршување на војната.
Видете и ова: Кремљ: Зеленски да каже каков мировен самит планира„Ова не значи дека сите територии ќе бидат вратени насилно. Мислам дека моќта на дипломатијата може да помогне“, рече тој додавајќи дека колку е послаба Русија на бојното поле, толку е посилна позицијата на Украина на преговарачката маса.
На 15 и 16 јуни, Швајцарија беше домаќин на Глобалниот самит за мир. Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, предложи да се одржи уште една ваква средба пред изборите во САД. Зеленски, пак, рече дека веќе има земји кои се заинтересирани да бидат домаќини на вториот мировен самит, а Киев започнал разговори со нив. Сепак, тој не ги именуваше овие држави.