Припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР), на Хеликоптерската единица и на Секторот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска (21 јули) се вратија соопштија од српското МВР.
Од земјава, тие си заминаа со благодарница која им ја врачи директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој додели благодарници и за пилотите од останатите држави кои испратија помош.
Видете и ова: Српски хеликоптер го изгасна пожарот во близина на селото РосоманСо српскиот хеликоптер Камов Ка-32, над огнените пламени во Северна Македонија беа исфрлени 182 тони вода. Овој хеликоптер, српските власти за првпат го испратија надвор од границите на Србија.
„За пет работни дена припадниците на МВР успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, го ставија под контрола пожарот кај градот Радовиш, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации на планината Огражден кај Ново Село, како и на местото Пиперево“, пишува во соопштението на српското МВР.
Помошта од Србија за гаснење на пожарите пристигна на 16 јули на барање на Владата во Скопје.
Видете и ова: Ангелов: Утрово активни се девет пожариПотсетуваме дека помошта за соседната земја е испратена врз основа на барањето на Владата на Република Северна Македонија за давање помош во гаснењето на шумскиот пожар.
Покрај од Србија, помош за гаснење на пожарите беше побарана и пристигна и од други земји од регионот, како Словенија, Црна Гора, Хрватска и Романија.