Припадниците на Одделот за вонредни состојби и хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Србија гаснеа пожар во близина на селото Росоман во Северна Македонија.
Според српското МВР, на таа локација од противпожарен хеликоптер испуштиле 20 тони вода.
Од 16 јули, во Северна Македонија се испуштени вкупно 157 тони вода.
„Екипа на МВР во текот на вчерашниот ден успешно го стави под контрола пожарот кај градот Радовиш, на планината Плачковица, каде исто така самостојно ја изврши интервенцијата“, се вели во соопштението.
Помошта од Србија е испратена врз основа на барање на Владата на Северна Македонија.
Видете и ова: Армијата ангажира дополнителни сили за гасење на пожаритеМинистерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека испраќа противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода во Северна Македонија со седум припадници на тамошното Министерството за внатрешни работи.
Пожарите во Северна Македонија опустошуваат стотици хектари, а веќе 30 дена е прогласена вонредна состојба. Во исто време, криза има и во однос на противпожарната опрема, па се гаснат и возила стари 45 години.
Во Северна Македонија нема доволно пожарникари, па општините си помагаат, а помош почна да пристигнува и од други земји.
Топлотниот бран ги зафати земјите од Западен Балкан, а екстремните температури на места надминуваат и 40 Целзиусови степени. Се очекува ова да биде најдолгиот и најинтензивен топлотен бран во 2024 година.