Папата Франциск повика на примирје во петок за време на претстојните Олимписки игри во Париз, нагласувајќи дека игрите се носители на мирот, а не на војната.
Поглаварот на Римокатоличката црква во пораката објавена на 19 јули истакна дека во античко време за време на игрите мудро било воведено примирје.
„Во овие тешки времиња, кога светскиот мир е под сериозна закана, жестоко се надевам дека сите ќе го почитуваат ова примирје“, рече 87-годишниот Франциск.
Папата го нарече спортот универзален јазик кој ги надминува границите, јазиците, националностите и религиите.
„Има способност да ги обединува луѓето, да поттикнува дијалог и меѓусебно прифаќање“, додаде тој.
Видете и ова: Погоден компјутерскиот систем на Олимписките игри во ПаризПапата оцени дека Олимписките игри во главниот град на Франција би можеле да бидат исклучително место за средба, дури и меѓу непријателските народи во време на војна и конфликти ширум светот.
Традицијата на примирје датира од Олимписките игри во античка Грција. Потоа беше воспоставено примирје, кое започнува седум дена пред игрите и завршува седум дена по нив, за да се осигура дека сите спортисти можат безбедно да патуваат.
Годинава Олимписките игри ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август. Потоа следуваат Параолимписките игри, од 28 август до 8 септември.