Бројот на загинати во студентските протести во Бангладеш достигна денеска 50, според болниците ширум земјата.
„Овде имаме пет тела. Тие беа убиени денеска“, рече Бачу Миа од болницата Медицинскиот колеџ во Дака, по 45 други смртни случаи избројани низ земјата од вторникот.
Полицијата во Бангладеш денеска пукаше и употреби солзавец врз демонстрантите додека интернет и телефонските врски се прекинати низ целата земја по демонстрациите за доделување владини работни места.
Демонстрациите, кои започнаа пред неколку недели и ескалираа во понеделникот, претставуваат најголем предизвик досега за премиерката Шеиха Хасина од почетокот на нејзиниот четврти мандат во јануари.
Видете и ова: Демонстранти во Бангладеш ја запалија државната телевизијаДемонстрантите бараат крај на системот на квоти кој резервира до 30 отсто од владините работни места за роднините на ветераните кои се бореле во војната за независност на Бангладеш против Пакистан во 1971 година.
Тие тврдат дека системот е дискриминаторски и им користи на поддржувачите на премиерката Шеик Хасина, чија партија Авами лига го предводеше движењето за независност, и сакаат тој да се замени со меритократски систем.
Но, Хасина го бранеше системот на квоти, велејќи дека ветераните заслужуваат најголема почит за нивниот придонес во војната, без оглед на нивната политичка припадност.
Иако можностите за вработување се зголемени во некои делови од приватниот сектор, многу луѓе претпочитаат државни работни места бидејќи се сметаат за постабилни и попрофитабилни. Сепак, нема доволно работни места. Секоја година околу 400 000 дипломирани студенти конкурираат за околу 3000 работни места на испитот за државна служба.
Опозициските партии ги бојкотираа последните избори во земјава.
Новите судири следат по вчерашниот - „најкрвав“ ден на демонстрации досега.