Организаторите на Олимписките игри во Париз денеска (19 јули) соопштија дека се соочуваат со проблеми поврзани со големиот прекин на компјутерските системи во светот.
„Париз 2024 е свесен за глобалните технички проблеми што влијаат на софтверот на Мајкрософт. Тие проблеми влијаат на ИТ операциите на ОИ во Париз 2024 година“, информираа организаторите.
Претходно француската агенција за кибер безбедност соопшти дека се уште немаат докази дека глобалниот прекин на ИТ што погоди авиокомпании, банки, медиуми и други бизниси бил предизвикан од сајбер напад.
„Тимовите се целосно мобилизирани за да ги идентификуваат и поддржат засегнатите ентитети во Франција и да го разберат потеклото на овој прекин“, соопшти националната агенција за кибер безбедност (ANSSI), додавајќи дека немаат докази што сугерираат дека овој прекин е резултат на сајбер напад.
Видете и ова: Голем технички дефект предизвика светски проблемКако да се разладуваат просториите со клима
Во екот на топлотниот бран, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки до граѓаните како треба да ги разладуваат внатрешните простории. Идеалната собна температура, велат, е 21 Целзиусов степен во текот на денот, а 18 во текот на ноќта.
„Но во период на топлотни бранови најдобро е собната температура да се одржува околу 25 Целзиусови степени“, велат од ИЈЗ.
Температурата на климите, нагласуваат, не треба да биде наместена под 7 Целзиусови степени од надворешната. На пример, ако е надвор 35, клима уредот максимум треба да е наместен на 28 Целзиусови степени.
Електричните вентилатори можат да помогнат, но, посочуваат од ИЈЗ, само ако температурата е под 35 Целзиусови степени.
Во светот денеска се пријавени проблеми и прекини во ИТ мрежите во глобалните институции, вклучувајќи банки, телекомуникациски компании, медиуми и авиокомпании, приземјени се авиони, медиуми не емитуваат програми, а погоден е и компјутерскиот систем на Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат за една недела, јавуваат светските медиуми.
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите кои ги пријавија корисниците, а поради кои во компаниите и банките ширум светот дојде до технички проблеми и прекини во функционирањето.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услуги во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението.