Бројни институции и компании во светот, меѓу кои аеродроми, банки, болници и медиумски куќи, пријавиле технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии, јавуваат во петок (19 јули) светските медиуми.
Аеродромите во Берлин и Амстердам пријавија технички проблеми што ги одложија летовите, а на патниците им беше препорачано да контактираат со нивните авиокомпании за најнови информации. Британскиот медиум Sky News објави дека не може да ја емитува својата утринска програма поради технички дефект.
Поради дефект на софтверот, падна и онлајн системот на британскиот здравствен систем, a ист проблем е регистриран и во Хрватска.
Бројни други компании ширум светот пријавија слични проблеми.
Летовите се приземјени на аеродромот во Сиднеј, супермаркетите се соочуваат со хаос за наплата, а телевизиските мрежи се во неред бидејќи графиката и компјутерите се во прекин.
Неколку часа пред Австралија да биде сериозно погодена, неколку авиокомпании во Соединетите Држави исто така објавија дека морале да ги одложат или откажат летовите поради технолошки проблем.
И француската авиокомпанија Ер Франс пријави технички проблеми поради што се откажани дел од летовите.
Видете и ова: Шест милиони евра за сајбер безбедност, а институциите хакираниПричината за прекинот е нејасна, но многу од засегнатите го поврзуваат со оперативните системи на Мајкрософт.
Информациите од таблите за поаѓање исчезнаа на аеродромот во Сиднеј. Во изјавата за патниците на домашниот терминал, нискобуџетната компанија Џетсет рече дека „проблемот со Мајкрософт“ значи дека не може да ги провери патниците или да ги качи на летовите.
Вирџин Австралија, исто така, им соопшти на своите патници дека има „целосна суспензија“ на летовите. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат за редици во продавници поради пад на системот за наплата.
Мајкрософт 365 на платформата X објави дека „истражуваме проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги на Мајкрософт 365“.
Во соопштението на австралиското тело за контрола на сајбер безбедност се вели дека нема информации што укажуваат на тоа дека станува збор за инцидент со сајбер безбедност.
„Нашите моментални информации покажуваат дека овој прекин е поврзан со технички проблем со софтверска платформа од трета страна што ја користат погодените фирми“, се наведува во соопштението.