По невремето, повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Далекувод (илустрација)

Далекувод (илустрација)

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Видете и ова: Жештините и невремињата не се исти како пред десет години

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети - паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови и поплавени домови.

До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден.