Германскиот канцелар Олаф Шолц доцна во вечерните часови пристигна во Белград за да учествува на Самитот за одржливи суровини. Шолц го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на Инстаграм напиша дека очекува договори кои ќе претставуваат пресвртница за Србија на нејзиниот пат кон побрз економски раст.
Самитот за одржливи суровини ќе се одржи денеска (19 јули), а најавено е учество и на потпретседателот на Европската комисија задолжен за зелената агенда, Марош Шефчовиќ.
Како што соопшти Европската комисија за Радио Слободна Европа, на тој самит ќе присуствуваат и претставници на финансиските институции и индустријата.
За време на Самитот, треба да се потпише Меморандум за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.
Видете и ова: Владата на Србија го врати во живот проектот Јадар, осуда од еколошките активистиВладата на Србија на 18 јули го усвои Заклучокот за утврдување на основата за склучување на Меморандумот.
Самитот за одржливи суровини се одржува само неколку дена откако српската влада го оживеа проектот Јадар на западот дел од земјата кој е богат со литиум.
Овој проект предвидува меѓународниот рударски гигант Рио Тинто да ископува литиум во западна Србија. На ова се спротивставуваат еколошките активисти кои тврдат дека ископувањето на литиум ќе влијае на животната средина.