Поранешната новинарка Наталија Морари најави дека има намера да се кандидира како независен кандидат за претседател на 20 октомври, велејќи дека сака да ја трансформира Република Молдавија во „ново економско чудо“, за кое светот ќе „зборува со восхит“.
Во изјавата за печатот дадена на 18 јули во Кишињев, Морари рече дека ќе се обиде да се кандидира за функцијата бидејќи „годините минуваат и промените не се видливи“ во Република Молдавија, додека „нацијата и се заканува исчезнување поради иселувањето“.
Морари и пребеганиот бизнисмен, Веаслав Платон, со кој има дете, потрошиле десетици илјади долари во последните месеци само за промоција на Фејсбук, со што се рангираат на врвот на рангирањето на Молдавци кои се рекламираат на мрежи за пари, покажува извештај од компанијата „Мета“.
Видете и ова: Фон дер Лајен вети дека проширувањето на Унијата ќе и биде приоритетМорари, која студирала во Москва, се прослави дома во 2008 година кога ја напушти Русија и не и беше дозволено да се врати, а една година подоцна учествуваше во организацијата на протестите на 7 април во Кишињев, кои беа обележани со насилство. Таа потоа го придружуваше рускиот блогер Едуард Багиров, еден од главните осомничени во врска со организацијата на протестите, при неговото бегство од Кишињев.
Објавувајќи ја својата претседателска кандидатура, поранешната новинарка која рече дека „ги донела на власт оние кои денес ја уништуваат државата“ е деветтиот потенцијален противкандидат на претседателката Маја Санду, кого таа ја критикува.
Морари не кажа дали ќе го поддржи референдумот за европска интеграција, кој Санду и парламентот го распишаа истиот ден со претседателските избори, но рече дека Република Молдавија може да излезе од сиромаштијата сама, „без други да одлучуваат за нив“.
Неодамнешното истражување на јавното мислење објавено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) сугерира дека Морари ја ужива довербата на 3% од Молдавците како јавна личност.