Сенаторот Џеј Ди Венс, кој Доналд Трамп го избра за потпретседателски кандидат, на републиканската конвенција во Милвоки ги повика граѓаните на Соединетите Држави да „одберат нов пат“ кој ги става работниците во центарот.
„Ќе бидеме обединети во поддршката“, рече Венс во обраќањето на партискиот состанок на кој формално ја прифати неговата номинација за позицијата потпретседател на САД доколку Трамп победи на изборите во ноември, пишува АФП.
Тој ја пофали „извонредната визија“ на Трамп, за која рече дека е „толку едноставна, а сепак толку моќна“ и рече дека неговиот табор ќе се посвети на работникот и на ветувањето на слоганот „Направи ја Америка повторно голема“.
Џеј Ди Венс, кој потекнува од скромно семејство во Мидлтон, Охајо, рече дека луѓето таму „го зборувале што мислат, граделе со своите раце и го сакале Бог, семејството, својата заедница и својата земја со сето свое срце“.
„Но, тоа беше и место кое беше отфрлено и заборавено од американската владејачка класа во Вашингтон“, рече Венс.
Видете и ова: Лавров го поздрави ставот на Џеј Ди Венс за УкраинаТој ги повика работниците и луѓето од средната класа во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, три држави кои најверојатно ќе бидат одлучувачки за изборите на 5 ноември, да им се придружат.
Опишувајќи го својот животен пат од тешко детство до американските маринци, престижниот факултет Јеил и американскиот Сенат, Венс им се претстави на Американците како некој што ја разбира нивната секојдневна борба.
Тој меѓудругото, е познат и како автор на книгата „Hillbilly Elegy“, врз основа на која Нетфликс направи серија.