Голот на 17-годишниот шпански фудбалер Ламин Јамал во полуфиналето на Европското првенство против Франција е прогласен за најубав гол на тој шампионат, објави УЕФА во вторникот на 16 јули.
Јамал имаше 16 години и 362 дена кога го постигна голот, со што стана најмладиот стрелец на Европските првенства.
Видете и ова: Шпанија ја освои титулата на Европското фудбалско првенствоВторото место го зазеде англискиот фудбалер Џуд Белингем со голот што го постигна во осминафиналето против Словачка, а третото Швајцарецот Џердан Шаќири со голот против Шкотска во групната фаза од натпреварувањето.
Меѓу десетте најубави погодоци кои ги избра УЕФА се и головите на Романецот Николае Станчиу, Арда Гулер од Турција, Мерт Мулдур исто така од Турција, Фабијан Руиз од Шпанија, Оли Воткинс од Англија, Италијанецот Матио Закањи и Холанѓанецот Чави Симонс.