Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар - Скопје.
Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.
„На 28 јуни 2024 година на страната на Електронскиот систем за јавни набавки беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи - набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15 јули 2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.
Видете и ова: Објавен тендер за нови компресори во хируршките салиВо тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.
„Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда“, додаваат надлежните.
Тие денеска на 16 јули донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување.
Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.