Пет „ер трактори“ и еден канадер ќе го гаснат пожарот во Битола откако повторно се активираше

Илустрација

Пет авиони „ер трактори“ и еден канадер се упатени кон Битола каде ќе интервенираат на пожарот што попладнево се активираше над обиколницата, информираа од Центарот за управување со кризи.

Претходно, Општина Битола соопшти дека пожарот над Битола е повторно активен и дека на терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола.

„Се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, информираа попладнево од општина Битола.

Овој пожар претпладнето беше ставен под контрола. На него од воздух беше делувано со пет „ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција.

Видете и ова: Хеликоптери и авиони од ЕУ за гаснење на пожарите

За справување со пожарите, во земјава пристигна меѓународна помош од Турција, Србија, Хрватска и други земји.

Пожарите беснеат и опустошуваат површини колку цели градови во Северна Македонија. Прогласена е 30 дена кризна состојба. Според извештајот на Центарот за управување со кризи од 16 јули, активни се 11 пожари на отворено.