Во вторникот, Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа, откако Соединетите Американски Држави (САД) ги обновија критиките кон својот сојузник поради големиот број цивилни жртви во војната.
Жителите изјавија за Агенцијата Франс Прес за нападите на израелски воени авиони врз централна Газа и артилерискиот оган на југот на територијата, додека медицинските лица рекоа дека извлекле уште тела од урнатините по последното бомбардирање.
Неколку часа претходно, американскиот државен секретар Антони Блинкен им кажа на двајца високи израелски претставници за „неприфатливо високиот“ број на цивилни жртви во израелското бомбардирање на опколениот Појас Газа, рече неговиот портпарол.
Вашингтон се залага за примирје меѓу Израел и Хамас.
Сепак, израелската војска изведе неколку смртоносни напади во последниве денови, вклучително и напад врз бегалски камп и неколку училишта под раководство на Обединетите Нации, каде што цивилите се засолниле.
Како одговор, Хамас рече дека се повлекува од разговорите за прекин на огнот, дополнително намалувајќи ги изгледите за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците.
„Продолжуваме да гледаме премногу цивили убиени во овој конфликт“, рече портпаролот на Блинкен, Метју Милер.
Видете и ова: Нови израелски напади врз Газа откако десетици Палестинци беа убиени во текот на викендотПо последните смртоносни напади, медицинските лица на палестинската Црвена полумесечина соопштија дека извлекле четири тела од куќа надвор од јужниот град Кан Јунис и уште едно од кампот Нусејрат во центарот на Газа.
Израелската војска соопшти дека во претходните 24 часа нејзините воздушни сили погодиле „приближно 40 терористички цели“ во Газа.
Војната во Газа започна откако Хамас, која е означена како терористичка организација од САД и Европската унија, го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде 250 заложници.
По масакрот на Хамас, главно на цивили, Израел започна офанзива против Газа.
Најмалку 87.828 луѓе загинаа во борбите, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас. На таа палестинска територија живеат околу 2,3 милиони луѓе.