Европската комисија (ЕК) одлучи да им помогне на Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи, Балаш Ујвари.
„Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авиони од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.
Во Бугарија пак, според него, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.
Тој потсети дека во пресрет на летото ангажирале над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, и дека се подготвени да понудат дополнителна помош.
Видете и ова: Во пожарот кај неготинско изгоре површина двојно поголема од градотПожарите беснеат и опустошуваат површини колку цели градови во Северна Македонија. Прогласена е 30 дена кризна состојба. Според извештајот на ЦУК од 16 јули, активни се 11 пожари на отворено.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шумите од 06:00 до 20:00 часот почна на 15 јули, а ќе трае до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.