Прво треба да се разјасни за каков самит се работи, порача Кремљ, откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најави дека може да покани и претставници на Русија на следната мировна конференција.
„Првиот мировен самит воопшто не беше мировен самит, така што очигледно прво треба да разбереме што сака тој (Зеленски) со тоа“, изјави портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, за руските медиуми.
Зеленски во понеделникот (15 јули) изјави дека има намера да ги подготви сите елементи од мировниот договор до ноември, за Киев потоа да може да одржи втор меѓународен мировен состанок. Тој додаде дека руските претставници треба да учествуваат на самитот.
Првиот состанок се одржа минатиот месец во Швајцарија, а на него учествуваа претставници на 92 земји, но не и Руси, потсетува Ројтерс.
Видете и ова: Зеленски планира нова мировна конференција за УкраинаУкраина најави дека на вториот состанок ќе се разговара за планот, кој ќе го разработат десетици земји поделени во работни групи.
Планот опфаќа три теми - енергетската безбедност на Украина, чија инфраструктура е уништена од руското бомбардирање, слободна пловидба во Црното Море и размена на заробеници.