Најмалку 17 лица загинале, а 34 биле повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан, соопштија денеска (16 јули) локалните власти.
Меѓу загинатите има и три деца.
Патниците настрадале кога се превртел автобус во областа Хинџан, провинцијата Баглан.
Видете и ова: Најмалку 10 луѓе загинаа при поплава во АвганистанАвтобусот бил на релација Кабул - провинција Фариџаб, на северот на Авганистан.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, но локалните медиуми јавуваат дека превртувањето на автобусот можеби е последица на невнимание на возачот.