Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување за уште една годин (до 27 јули 2025-та), на рестриктивните мерки кон Иран воведени поради неговата воена поддршка на руската инвазија врз Украина и на вооружени групи и ентитети на Блискиот Исток и во регионот на Црвеното Море.
Со санкциите од овој пакет во моментов се опфатени на 12 поединци и девет субјекти, јави МИА. На стационираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а забрането е и директно или индиректно да им бидат обезбедувани или ставани на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица опфатени со мерките им е забрането патување во ЕУ.
Во заклучоците од заседанието на Европскиот совет од 21 и 22 март годинава, беше упатен повик до трети страни, вклучително и Иран, веднаш „да престанат да даваат материјална поддршка за руската агресивна војна против Украина“. Дополнително во заклучоците од состанокот на Европскиот совет од 17 и 18 април 2024 година, беше повторена посветеноста на ЕУ за воведување дополнителни рестриктивни мерки кон Иран, особено во однос на испораката на дронови и ракети на Русија.
Видете и ова: Србија не се согласи со одлуката на ЕУ за санкции против ИранНеполн месец подоцна, Советот го прошири опсегот на рамката на ЕУ за рестриктивни мерки поради воената поддршка на Техеран за руската инвазија кон Украина, со опфат и на испораката на дронови и ракетите за Русија и за вооружени групи и ентитети на Блискиот Исток и во регионот на Црвеното Море, со што се забранува извоз во Иран на делови и компоненти што би можеле да се користат за развој и производство на беспилотни летала.
Дополнително во текот на мај и јуни со режимот на санкции на ЕУ беа опфатени уште шест поединци и четири субјекти од Иран.