Обидот за атентат врз Трамп ја потресе предизборната кампања во САД
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Обидот за убиство на Доналд Трамп наиде на осуда од светските лидери и ја потресе кампањата пред претседателските избори во земјата, закажани за 5 ноември. Трамп одговори со пркосно крената тупаница, запрепастувачка слика која, вели политичкиот аналитичар Роберт Спицер, ќе се искористи за промоција на неговата кандидатура.