Судот во Исламабад на 13 јули ги ослободи поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга на 13 јули од обвиненијата за незаконски брак.
Кан (71) и неговата сопруга Бушра Кан, позната и како Бушра Биби, беа осудени на 7 години затвор во февруари кога судот ги прогласи за виновни за кршење на исламскиот закон со тоа што не го запазиле потребниот интервал помеѓу разводот на Биби од претходниот брак и нејзиниот брак со Кан.
Видете и ова: Убиен поранешен пакистански сенаторОвој судски процес е покренат по барање на нејзиниот поранешен сопруг Хавар Маника. Тој тврдеше дека Имран Кан се оженил со Бушра Биби во време кога периодот на Ида Шерија не бил завршен. Според исламскиот закон, „Ида“ е периодот што жената го поминува по смртта или разводот на нејзиниот сопруг пред повторно да се омажи. Овој период е три месеци.