Службениците за вонредни состојби во Московската област на 12 јули објавија дека патнички авион Сухој Суперџет 100 се урна во близина на градот Коломна, во близина на главниот град на Русија, при што загинаа сите тројца членови на екипажот, јави руската служба на Радио Слободна Европа.
Авионот бил на пат кон московскиот аеродром Внуково по редовна техничка проценка и поправка. Произведен во 2014 година, авионот и припаѓал на Гаспром Авиа.
Градоначалникот на Коломна, Александар Гречишчов, кој го посети местото на несреќата, изјави дека нема жртви освен тројца членови на екипажот.
Покрената е истрага за „прекршување на безбедносните прописи во авионот, што доведе до смрт“.
Цивилниот авион Сухој Суперџет 100 го разви руската компанија Сухој Цивил Авион со учество на западни компании.
Видете и ова: ОН ја повикуваат Русија веднаш да се повлече од украинската нуклеарна централаОд 2011 година, авионот успеа да најде само двајца странски купувачи - мексикански Интерџет (Interjet) и Ајриш Ситиџет (Irish Cityjet), но и двете авиокомпании се откажаа од авионот поради проблеми во работењето и одржувањето.
По почетокот на руската воена инвазија на Украина, САД, Европската Унија и многу други земји воведоа економски санкции кон Русија.
Тие вклучуваат, меѓу другото, забрана за испорака на западни авијациски компоненти за Русија, вклучително и цивилни авиони, и одржување на руски патнички авиони во земјите кои се приклучија на санкциите.