Министерот за јавна администрација Горан Минчев на прес-конференција, соопшти дека Балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.
Според Минчев, во Министерството за јавна администрација од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и како што рече тоа е предмет на ревизија. Потенцираше дека Балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби - каде етнички Македонци се пишувале како Албанци и обратно за да добијат вработување.
„Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото министерство каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво“ објасни Минчев“.
Видете и ова: Ремонт на „балансерот“ за државно вработување или целосна замена?Таква најава во насока на укинување на Балансерот претходно даде и министерот за дигитална трансформација кој посочи дека тоа ќе се случува постепено, односно во фази. Андоновски посочи дека од 28 јуни, бројките во дигиталната алатка Балансер веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.
Според Рамковниот договор потпишан во Охрид во 2001 година, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија меѓу припадниците на Ослободителната народна армија-ОНА и македонските вооружени сили, една од главните промени беше вработувањето по етнички клуч во јавната администрација.