Молдавскиот министер за надворешни работи, Михаи Попсои, рече дека е охрабрувачки за Молдавија што декларацијата објавена на самитот на НАТО во Вашингтон ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Молдавија, а во која исто така се поздравени реформските напори на Молдавија.
„Среќни сме што се споменува Молдавија, како и признавањето на позитивните напори што ги (вложуваме) за реформирање на Република Молдавија, но и повикот за повлекување на руските трупи од Република Молдавија, што е многу важна порака“, рече министерот и вицепремиер Попсои за Радио Слободна Европа, на маргините на самитот на 11 јули.
Молдавската претседателка Маја Санду постојано бараше да запре присуството на стотици руски војници во складиште за оружје од советската ера во отцепениот регион Трансдњестар од Молдавија.
На панел-дискусијата на самитот, Попсои рече дека иако секогаш има простор за подобрување, Молдавија е на агендата на нејзините пријатели и партнери во НАТО и Европската Унија и дека „последниве години добила исклучителна поддршка“.
Видете и ова: Молдавија потпиша безбедносен и одбранбен пакт со ЕУОва беше особено точно за енергетската криза што ја потресе Молдавија како резултат на целосната инвазија на Русија на Украина, рече тој, додавајќи дека кризата неодамна се намалила благодарение на издржливоста на молдавскиот народ и „дарежливата поддршка од меѓународната заедница кои и помогнаа не само на Украина, туку и на Република Молдавија“.
Попсои рече дека Молдавија и народот на Молдавија постигнале свои достигнувања, наведувајќи ја како пример, енергетската независност од Гаспром по 30 години врски со рускиот енергетски гигант.
Видете и ова: Вархеји во Молдавија, почнува скриниг процесот за членство во ЕУТој, исто така, ги истакна 30-те години во кои Молдавија е во програмата на НАТО Партнерство за мир и нејзиниот придонес во мировните мисии во Косово, Либан, Сомалија и Босна и Херцеговина, велејќи дека Молдавија е „цврсто посветена да не биде само потрошувач на безбедноста во поглед на предизвиците, со оглед на сепаратистите во регионот ое се поддржани од Русија“.
Попсои за РСЕ изјави дека Молдавија сега има шанса да постигне понатамошен напредок преку пристапните преговори со Европската Унија кои започнаа на 25 јуни.
„Сметаме дека процесот на пристапување ќе ни помогне да напредуваме кога станува збор за нашите економски услови, но и за демократските институции“, рече тој, нарекувајќи ги пристапните преговори клучен приоритет за Молдавија и шанса да се исполни „искрената желба на нашите граѓани да се вратат во европското семејство на народи“.
На 20 октомври, покрај претседателските избори во земјата, Молдавија ќе одржи референдум за приклучување кон блокот од 27 земји. Попсои рече дека владата смета на молдавските граѓани да го поддржат референдумот.