Ќе се преиспитаат одлуките за законот за приредување на игри на среќа и ќе се спречи коцкање преку мобилни телефони и компјутери, најави владеачката коалиција на ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ.
Денеска пратеникот Халил Снопче најави дека поднеле барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавните игри. Целта како што кажа Снопче е да се доби прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на Државната лотарија за интернет игрите на среќа има законски основ.
„Нашите правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање интернет игри на среќа се целосно без законски основ. Следната точка од планот за справување со штетните последици е покренување соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службената положба и овластување на сите надлежни органи кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање различни видови игри на среќа“, рече Снопче.
Власта смета дека благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на претходната влада преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа коцкањето влегло во домовите и на малолетниците.
Видете и ова: Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евраСе очекува владата да го поткрепи ова да ги поткрепи нивните сомнежи и преку Законодавно-правната комисија да има автетинчно толкување на законот кое ќе овозможи затворање на интернет игрите на среќа.
Најавија нов закон за игри на среќа и забавните игри со кои бројот на постоечки објекти за игри на среќа ќе се намали минимум за половина.
Претходно Државната Лотарија распиша јавен повик за избор на три приредувачи на игри на среќа на интернет. Ова предизвика големи реакции во јавноста.
Радио Слободна Европа во новинарско истражување пишуваше за сомнителните тендери на Државна Лотарија како и договорот за закуп на нови деловни простории тежок 2,6 милиони евра. Истражувањето покажа дека вработен во тогашното министерство за политички систем на Артан Груби од ДУИ, беше член на Управен обор во Државна лотарија и сопственик на сајтот на фирмата која го изнајмува просторот.