Тајван соопшти дека внимателно ја следи кинеската војска, за која рече дека е растечка закана за регионот. Реакцијата следува откако помина напливот на воени авиони во близина на островот за да се приклучат на вежбите со кинескиот носач на авиони Шандонг во Пацификот.
Кинеските воени вежби се совпаѓаат со самитот на НАТО во Вашингтон, каде што Алијансата во соопштението наведе дека Кина стана „движечка сила“ зад руските воени напори во Украина. НАТО, исто така, објави дека Пекинг продолжува да претставува систематски предизвик за Европа и нејзината безбедност.
Во секојдневното ажурирање за кинеската воена активност, Министерството за одбрана на Тајван во четвртокот (11 јули) соопшти дека 66 кинески авиони биле откриени околу островот во изминатите 24 часа.
„Од тие авиони, 33 летаа над јужен и југоисточен Тајван“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека исто така открило 36 авиони кои летале над западниот дел на Пацификот.
Видете и ова: Кина се заканува дека ќе им изрече смртни казни на „сепаратистите“ во ТајванОбраќајќи им се на воените претставници во Тајпеј, тајванскиот претседател Лаи Чинг-те рече дека ќе продолжи да ја зајакнува одбраната на островот.
„Заканата на кинеските комунисти за стабилноста на регионот продолжува да расте, а нивната сива зона во Тајванскиот теснец и околните области расте од ден на ден“, рече тој.
Тајван исто така соопшти дека Кина користи тактика на „сивата зона“ која спречува војна и тестира и врши притисок врз тајванските сили.
Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија, се жали на кинеската воена активност во изминатите четири години, додека Пекинг се обидува да изврши притисок врз демократската влада на островот, која ги оспорува кинеските претензии на островот.