Холандија ќе почне да ја снабдува Украина со ветените компоненти на системот за воздушна одбрана „Патриот“ „многу наскоро“, изјави министерот за одбрана на земјата, Рубен Бекелманс, за Радио Слободна Европа (РСЕ) на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон.
„Што се однесува до деловите од системот Патриот што ги доставуваме, можам да кажам дека ќе ги испорачаме многу брзо“, рече Бекелманс на 10 јули.
„Што се однесува до Ф-16... Не можам да соопштам никаков конкретен датум. Знаеме дека Русите и претседателот Владимир Путин се исто така заинтересирани кога ќе бидат испорачани овие Ф-16.
Бекелманс додаде дека напредните борбени авиони ќе бидат испорачани „што е можно поскоро“. Тој, исто така, рече дека неговата земја и сојузниците во НАТО „напорно работат на отворање европски центар за обука во Романија“ за да ги подготват украинските пилоти да летаат со Ф-16.
И Норвешка соопшти дека ќе започне со испорака на шесте F-16 што и ги вети на Украина „во 2024 година“. На 10 јули американскиот државен секретар Антони Блинкен потврди дека „префрлањето на авионите Ф-16 е во тек“.
Видете и ова: Земјите од НАТО на самитот во Вашингтон ветија поголема помош за УкраинаНа 9 јули, Холандија им се придружи на Соединетите Држави, Германија, Италија и Романија во ветувањето дека ќе ги обезбеди многу потребните капацитети за воздушна одбрана на Украина.
Секојдневните напади на руски беспилотни летала и ракети предизвикуваат значителна штета на енергетската инфраструктура на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече ветувањата „јасен сигнал дека способноста на Русија да го тероризира украинскиот народ, градови и заедници ќе продолжи да се намалува“.
Видете и ова: Бајден: НАТО е посилен од кога билоЗеленски на конференцијата во Берлин на 11 јуни рече дека на Украина и се потребни најмалку седум дополнителни системи Патриот за заштита на градовите и населението.
Кога Зеленски пристигна во Вашингтон на самитот на НАТО, им рече на новинарите дека неговата делегација ќе се фокусира на добивање дополнителни капацитети за воздушна одбрана и борбени авиони.