Англија во финалето на Европското првенство по победата над Холандија

Репрезентативците на Англија слават откако ја совладаа Холандија во полуфиналето на Европското првенство, Дортмунд, 10 јули 2024 година.

Англија ќе игра против Шпанија во финалето на Евро 2024, откако на 10 јули во Дортмунд ја совлада Холандија во полуфиналето со 2-1.

Чави Симонс ја доведе Холандија во предност во седмата минута, но капитенот на Англија, Хари Кејн набрзо израмни од пенал откако беше фаулиран.

Видете и ова: Шпанија е прв финалист на Европското првенство

Оли Воткинс ги доведе Англичаните во водство во 91. минута.

Финалето на ЕП Шпанија-Англија ќе се игра на 14 јули во Берлин.