Реал Мадрид официјално ќе го претстави Мбапе на 16 јули на стадионот Бернабеу

Килијан Мбапе.

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид во вторник на 16 јули официјално ќе го претстави својот нов напаѓач Килијан Мбапе на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, соопшти денеска мадридскиот клуб.

Поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен (ПСЖ) пред презентацијата ќе биде примен од претседателот на клубот Реал Мадрид, Флорентино Перез, на протоколот за потпишување на петгодишен договор, пренесува АФП.

Видете и ова: Шпанија е прв финалист на Европското првенство

Мбапе беше капитен на француската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија, каде неговата репрезентација на 9 јули загуби во полуфиналето од Шпанија.

Тој на почетокот на јуни изјави дека не е среќен во ПСЖ.

"Не бев среќен во ПСЖ. Работите и луѓето ме направија несреќен. Да се биде играч на Реал е големо задоволство и остварување на сонот", изјави Мбапе.