Јапонија уапси руски државјанин под сомнение дека ѝ помагал на Москва да ги избегне санкциите

Собир за поддршка на Украина во Осака, Јапонија

Јапонската полиција уапси 38-годишен руски државјанин под сомнение дека учествувал во активности за помагање на Русија во избегнувањето на меѓународните санкции воведени поради тековната инвазија на Москва врз Украина.

Новинската агенција Кјодо на 10 јули објави дека Андреј Сова, главниот извршен директор на Астраде, компанија регистрирана во Осака, е обвинет дека во јануари 2023 година извезувал млазни скии и морски дизел мотори во Русија, чии делови може да бидат пренасочени за воена употреба.

Видете и ова: Русија ја напаѓа пристанишната инфраструктура во Одеса

Овој потег е во спротивност со Законот за девизна и надворешна трговија на Јапонија усвоен во март 2022 година.

Руските медиуми јавуваат дека претставниците на руската амбасада во Токио биле информирани за апсењето.